Бугарскиот амбасадор во Скопје деновиве врачил писмо до македонската Влада во кое е изразена понуда до Македонија за учество во изградбата на нуклеарната центарала Белене". Понудата ќе биде серизно разгледана, но прерано е да се даде конечен одговор - вели Пешевски и додава дека побарани се дополнителни информации за предвидената сопственичка структура и за учеството на руски и други партнери во проектот. Tреба да се дознаат сите детали оти, поради сериозноста на прашањето, не може однапред да се даде конечен детален одговор. Што се однесува за Законот за енергетика, вицепремиерот очекува наскоро тој да биде донесен во Собранието на РМ и според него дел од техничките амандмани ќе бидат прифатени, но структурата на Законот ќе остане иста. За критиките од опозицијата, тој вели дека Законот целосно не бил разбран, што според него, е сосема разбирливо, бидејќи се работи за целосно нов и усогласен со европската регулатива и има поддршка од Енергетската заедница.
Бугарскиот амбасадор во Скопје деновиве врачил писмо до македонската Влада во кое е изразена понуда до Македонија за учество во изградбата на нуклеарната центарала Белене".
Ова вчера го потврди вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, кој смета дека оваа опција не треба веднаш да се отфрли.
- Понудата ќе биде серизно разгледана, но прерано е да се даде конечен одговор - вели Пешевски и додава дека побарани се дополнителни информации за предвидената сопственичка структура и за учеството на руски и други партнери во проектот.
Пешевски укажа дека треба да се дознаат сите детали оти, поради сериозноста на прашањето, не може однапред да се даде конечен детален одговор.
Што се однесува за Законот за енергетика, вицепремиерот очекува наскоро тој да биде донесен во Собранието на РМ и според него дел од техничките амандмани ќе бидат прифатени, но структурата на Законот ќе остане иста. За критиките од опозицијата, тој вели дека Законот целосно не бил разбран, што според него, е сосема разбирливо, бидејќи се работи за целосно нов и усогласен со европската регулатива и има поддршка од Енергетската заедница.
Прашан за забалешките од бизнисмените дека системот на наплата на долговите, како меѓу компаниите, така и кон државата е неефикасен, Пешевски вели дека токму затоа е иницирано донесување закон за финансиска дисциплина или враќање на старите акцептни налози. Тој смета дека секоја иницијатива што ќе придонесе за подобрување на ефикасноста на системот, е добредојдена и Владата внимателно ќе ја разгледа.
- Во соработка со Комората на извршители и со Нотарската комора се работи на поедноставување на постапката за обезбедување на побарувањата - вели Пешевски. Според него во оваа сфера не може да се пофалиме дека има многу брзи рокови, имајќи предвид дека една судска постапка во случај на спор од комерцијален карактер трае и преку 300 дена, но како што Пешевски, ќе бидат преземени мерки тој период значително да се намали.